Во рамки на програмата за работа за 2012 год., во делот за одржување на јавните зелени површини, ЈП „Охридски комуналец“ продолжува со активностите за уредување на периферните делови од Охрид.

Деновиве хортикултурно се средува населбата „Даљан“. Тревните површини се уредуваат, се поставуваат граничници, а е предвидено и засадување на украсни дрвја и поставување клупи.

– Со овие активности продолжува реализацијата на зацртаните планови зелено катче да никне во секој дел од градот, напоменуваат од јавното претпријатие.

OhridNews