Во пресрет на божиќните празници, на просторот на градските гробишта интензивно се работи на оддржување на хигиената, метење и чистење на патеките, собирање отпад околу гробните места и хортикултурно уредување на просторот.

Од Јавното претпријатие „Градски гробишта“ ги замолуваат граѓаните да се  почитува редот на однесување на  градските гробишта во овој период, кога масовно се посетуваат вечните почивалишта.

OhridNews