Екиппи од Ј.П. „Охридски Комуналец“  започнаа  активности за уредување на просторот кој се наоѓа во непосредна близина на сообраќајната клучка на влезот во Охрид, левата страна од булеварот  „Железничка“, во насока кон патниот правец Охрид-Скопје.

Овој простор зафаќа голема површина и во првата фаза со специјална механизација ќе се изврши порамнување на теренот и отстранување на неуредната вегатација. Во втората фаза ќе се изврши хортикултурно уредување на просторот со засадување на цветни садниици и декоративни грмушки.

OhridNews