Екипите на „ Паркови и зеленило“ деновиве реализираат активности за уредување на неколку локации во градот.

Се уредува зелениот појас помеѓу двата коловози на улицата „ Железничка“, при што бетонската жардињера се расчистува од ниската дива вегетација, се отстрануваат оштетените садници, а на местата каде се украдени садници се засадуваат нови. Зелената ограда од пироканта и котонастер се поткаструва и соодветно се оформува.

Во дворот на локалната самоуправа се засадени цветни садници од видот хризантема кои се карактеристични во доцниот есенски период. Со ова есенско цвеќе кое го има во различен колорит ќе се украсат и кружните сообраќајници по булеварот „ Туристичка“.

Во наредниот период следуваат активности за оплеменување на парковските површини во градот со зимска цветна реколта од видот виола-очиња. 

OhridNews