Деновиве екипите на „Паркови и зеленило” од ЈП „Охридски Комуналец”, го оплеменија просторот околу чинарот на улицата „Питу Гули” во Урбана заедница „Горна Влашка Мала”.
Засадени се 40 цветно декоративни садници, а екипи на Ј.П. „Градски Гробишта” ги заменија оштетените клупи.
Како што информираат од охирдското јавно претпријатие „Комуналец“, со ова хортикултурно уредување, локацијата која се наоѓа покрај фреквентна крстосница, добила нов лик.
OhridNews