Деновиве екипите на “Паркови и зеленило” хортикултурно го уредија дворот на џамијата “Али Паша” лоцирана на ул.”Гоце Делчев”, во близина на Градскиот чинар. Покрај расчистувањето на просторот и косење на тревата, се изврши засадување на 10 декоративни садници, донација од Ј.П.”Охридски Комуналец”.


– Во изминатиов период беа уредени и црковните комплекси во село Скребатно, Горно Лакочереј и Свети Наум, а со вакви акции ќе продолжиме и во наредниот период, информираат од јавното претпријатие.

OhridNews