Екипите на „Паркови и зеленило” хортикултурно го уредија дворот на џамијата Емин Махмут.

Отстранета е дивата жбунеста вегетација, извршено е тековно одржување на тревната површина, зимзелените садници се декоративно обликувани и просторот е оплеменет со засадување на цветен сезонски расад, велат од ЈП „Охридски Комуналец“.

Активностите, додаваат од претпријатието биле реализирани по претходнo добиено барање.

OhridNews