Посадени вкупно 160 декоративни грмушки во рамките на активностите за хортикултурно уредување на кружни текови од булевар „Туристичка“ до спојувањето со улицата „Бистрица“ и од булеварот „Туристичка“ до спојување со улицата „Стив Наумов“ информираат од ЈП „Охридски Комуналец“.

Истите се од сопствено производство од расадникот при ЈП „Охридски Комуналец“ кои ќе формираат зелен ѕид од видот “viburnum”, “eleagnus”, “pirokanta” и “tisa”, велат од претпријатието.

Воедно екипите спроведоа и косење на тревата во градскиот парк и на долж Булеварот.

OhridNews