Излетничкиот комплекс  во селото Скребатно и просторот околу црквата Света Богородица за првомајските празници ќе имаат уреден лик. Ова ќе се должи на работната акција, која вработените од Ј.П.”Охридски Комуналец” ќе ја организираат утре.


Соред планираното освен  хортикултурно уредување на тревните површини со косење, ќе се сечат суви гранки и дрва, а целиот простор ќе се расчисти од отпад.

OhridNews