Политичките случувања ќе се одразат на туризмот. Политичката нестабилност и неформирањето Влада ќе има влијание врз туризмот, вели првиот човек на Здружението на хотелиери во Македонија – ХОТАМ, Крсте Блажески.
Блажески објаснува дека изминатава година со политичката криза и бегалската рута која минуваше низ државата, се намали бројот на странски гости и имаше откажување аранжмани.
„Се надеваме дека ќе се изнајдат соодветни решенија. Политичката структура во Македонија неминовно е да седнат и заеднички да ги направат тие решенија, а ние сме бизнис сектор кој треба да ги почитува законите. Кај нас секогаш останува надежта како ќе биде. Никогаш не седнуваме да направиме линија што поминавме што згршивме и што треба да поправиме да се погледнеме со сите сектори и да кажеме што е добро што лошо. Постојано некој друг е виновникот, а на крај сите сме донесени да страдаме. Има раст, има се но немаме стабилна Влада, што е недозволиво“-вели Блажески. Смета дека последната година политичката состојба во Македонија била многу бурна, што се одразило на намалувањето на бројот на ноќевања во првата половина од годината.
На крајот на годината на охридско-струшкиот регион, има пад на бројот на ноќевања за околу 10%.
OhridNews