Музичката ѕвезда Здравко Чолиќ, кој синоќа на стадионот „Билјанини извори“ одржа спектакуларен концерт, за време на својот престој во Охрид отседна во хотел „Гарден“.

Впечатоците на сопственикот и персоналот на хотел „Гарден“ се исклучително позитивни. Тие велат дека популарниот Чола е едноставен, пријатен и топол човек. Немал никакви посебни барања во однос на сместувањето и храната. На неговото мени имало паста „Наполитана“ и сендвич со пршута и три видови сирења.

На отворената тераса Чолиќ утрово уживаше со капучино и минерална вода, по што заедно со својата екипа замина за Скопје, од каде со приватен авион одлета за Пула каде ќе ја продолжи концертната турнеја.

Хотел „Гарден“ го угости Здравко Чолиќ












