Хотелот „Лебед“ на охридскиот кеј стана дел од „Кадмо Груп“, почнувајќи ново поглавје во семејството во кое уште се и плажата – ресторан „Кадмо“, бистро „Корнер“ и дискотеката „Инклузив“.

Лоциран на ексклузивна позиција непосредно до брегот на Охридското Езеро, хотелот „Лебед“ е блиску до се`. Во непосредна близина е центарот на градот со знаменитостите, плажата – ресторан „Кадмо“, а има и директен пристап на вода.
Објектот располага со 31 модерно уредени соби со опции со поглед на езеро, флексибилни цени, што го прави идеален за парови и семејства. Дополнително, гостите од хотелот ќе имаат специјални цени и попусти на услугите во ресторанот на плажа „Кадмо“, бистро „Корнер“ и дискотеката „Инклузив“.
Реотворањето на хотелот „Лебед“ беше вчера во присуство на деловни соработници, колеги од секторот, пријатели и гости.
Хотел „Лебед“ стана дел од „Кадмо Груп“
Г.М.
Фото: А. Момироска









































