Од компанијата информираат дека во следните квартали очекуваат состојбата да биде подобрена, со оглед на склучените договори со странски агенции за гости од Израел, Финска, Холандија.
Негативните резултати за првиот квартал од 2011 година од компанијата ги објаснуваат со неповолните услови на стопанисување кои се резултат на глобалната економска криза во земјата и странство.
извор „Макфакс“