
Во периодот април-јуни, компанијата остварила приход од 42,5 милиони денари, а профитот изнесува 9,67 милиони денари.
Сепак, дека претсезоната била послаба во споредба со ланската, говори фактот дека во истиот период минатата година трите хотели од групацијата „Метропол“ оствариле приходи од хотелски и угостителски услуги во износ од 47,4 милиони денари, а профитот изнесувал 11,87 милиони денари, односно цели 2,2 милиони денари помалку.
OhridNews











