Повеќе од 32 милиони денари е остварената добивка на Друштвото за хотелиерство, угостителство, туризам и трговија Хотели „Метропол“ од Охрид, пренесува „Економски“.

Според годишната сметка, оваа фирма во текот на минатата година остварила приходи во висина од 168 милиони денари, додека расходите достигнале околу 135 милиони денари.

По одлуката на акционерите, дел од добивката по оданочување ќе биде распределна за задолжителни резерви во висина од 1,6 милиони денари, додека  3 милиони денари ќе бидат исплатени на дивидендата на акционерите.

Исто така, дел од акумулираната добивка од пред 5 години во висина од 19,6 милиони денари, односно резервираните три милиони од 2012-та ќе бидат исплатени како дивиденда до 30-ти септември оваа година.

Инаку, бруто дивидендата по акција изнесува 21,9 денари.

OhridNews