Во третото тримесечје од 2012 година компанијата хотели Метропол остварила нето-добивка од 710.000 евра, што е пораст за 107% во однос на добивката во истиот период лани, 344.000 евра, пренесува „Капитал“.

„Хотели Метропол своето работење го остваруваше во услови на економска и финансиска криза. Сепак е остварен позитивен финансиски резултат, кој со оглед на периодот за кој се однесува, е задоволувачки“, се вели во образложението на Метропол, пишува „Капитал“.

OhridNews