Според неконсолидираниот финансиски извештај „Хотели Метропол“ АД Охрид минатата година ја заврши со загуба од 13.574.000 денари, јавува „Макфакс“.

Приходите од продажба бележат намалување за 17 отсто (131.283.000 денари), додека пак во 2009 година приходите изнесуваа 158.486.000 денари.

Езерскиот комплекс „Метрополол“, во сопственост на „Фершпед“ се протега на  34.329 метри квадратни земјиште, од кои 7.360 метри квадратни зафаќаат хотелите „Метропол“, „Турист“ и „Белви“.

OhridNews
извор: „Макфакс“