Хотелиерите ќе се изјаснат околу идејата за изградба на ски центар на Галичица
28.03.12 08:00
Државата очекува повратна информација од Хотелската асоцијација на Македонија – ХОТАМ, во врска со иницијативата за изградба на ски центар на планината Галичица, која според најавите би се реализирала преку јавно приватно партнерство. Членките на ХОТАМ денеска во Охрид ќе одржат состанок, на кој ќе се разговара за проектот за изградба на ски центар на Галичица.
Според експертите со активирањето на зимските потенцијали на Галичица туристичката сезона ќе се продолжи за повеќе од два месеца, а Охрид ќе го стави на мапата на зимски центри.
-Фиксните трошоци преку зима се рак рана за туристичките работници. Со активирање на зимските потенцијали на Галичица ќе се отворат многу шанса за нови работни места и иницијативи, а Охрид ќе живее и зима и лето, вели проф. Д-р Зоран Тунтев од Факултетот за туризам и угостителство во Охрид.
Проектот за изградба на ски центар на Галичица првично беше инициран во 70-те години од минатиот век, а повторно беше реафирмиран во 2006 година. Почетната инвестиција е проектирана на 2,8 милиони евра за изградба на прифатен скијачки центар со потребната инфраструктура и три локации за ресторани од монтажен карактер. Професор Тунтев предупредува дека треба да се внимава при изградбата на ски центарот да не се наруши природниот амбиент на националниот парк во кој живеат голем број ендемски видови флора и фауна.
– Треба да се искористат постоечките капацитети само да се поврзат со ски центарот и нема потреба да узурпираме хектари земја од националниот парк за скијачите да се поблиску до терените, смета Тунтев.
Близината на аеродромот Св. Апостол Павле, планината Галичица ја прави уште поатрактивна за развој на зимски туризам, но проблем претставува патната инфраструктура. Единствениот пат кој води до скијачките патеки е изграден во средината на минатиот век и е надвор од употреба во зима веќе неколку децении. Екепертите посочуваат дека овој проблем лесно може да се реши доколку зад проектот застанат државата и локалната самоуправа, кои треба да ја обезбедат потребната инфраструктура за изградба на ски центар на планинатата Галичица.
Земјотрес со јачина од 4,6 степени според Европската макросеизмичка скала вечерва во 22:05 часот го погоди регионот на Призрен, Косово Земјотресот бил со епицентар на 12 километри југоисточно од Пр...
Охридскиот регион како светско културно и природно наследство има исклучителна универзална вредност за нас, порача министерот за транспорт Александар Николоски од Париз На средба во седиштето на УН...
Фестивалот „Струшки вечери на поезијата“ (СВП), во соработка со УНЕСКО го распишаа конкурсот за меѓународната поетска награда „Мостови на Струга“ 2026 за најдобра дебитантска книга од млад автор Ко...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.