
-Тоа се должи на повеќе фактори. Минатата година имаше голема побарувачка во приватното сместување се отворија и се изградија многу нови вили и апартмани и гостите некако се рапоредија по тие сместувачки капацитети, вели Олег Маленко од ТА „Вис Пој“.
Голем проблем кој влијае на приватното сместување, но и на работата на туристичките агенции се и таканаречените диви чекачи, кои со години претставуваат грда слика на градот, смета Маленко.
-За жал службите задолжени за сузбивање на оваа неубава појава не ја завршија својата работа и се случува гостите кога влегуваат во Охрид по нив да трчаат со велосипеди и мотори да им тропаат на прозори како да се во Банког. Инспекциските служби треба да реагираат, поради социјалниот момент можеби тоа не се прави, но заради тоа трпи туризмот, истакна Маленко.
Тој посочува дека дивите чекачи буквално им ги крадат гостите на туристичките агенции и на информативните туристички бироа, а тие се немоќни да се справат со проблемот, кој треба да го решат надлежните институции.
-Охрид е познат по гостопримливоста и само треба да ја отстраниме оваа слика и впечатокот на гостите ќе биде уште подобар, додава Маленко.
Тој смета дека Охрид треба да работи и на проширување на туристичката понуда со цел продолжување на туристичката сезона, што според него може да се направи со изградба на современи сместувачки капацитети со спа центри, како и на полуксузни хотели кои ќе ја зголемат конкуренцијата на пазарот, што ќе донесе поголем квалитет.












