Охридските љубителите на филмската уметност во вторник на 10-ти мај 2016 година во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид, ќе имаат можност да погледнат уште три кино проекции во 3Д технологија. Филмовите ќе се прикажуваат во рамки на проектот „Мобилно 3Д кино“ кој го реализира дистрибутерската куќа МЦФ МКД од Скопје.

Со почеток во 17 часот ќе се прикажува 3Д филмот „Храбриот Петел“. Билетот за оваа проекција ќе чини 200 денари. Во 19 часот ќе се прикажува 3Д проекцијата на филмот „Пред да се разбудам“ за кој влезницата ќе чини 150 денари и во 21:15 часот ќе биде прикажана 3Д проекцијата на филмот „Капетан Америка: Граѓанска војна“ за која влезниците чинат 200 денари.

OhridNews