Македонија се соочува со недостиг на храна од сопствено производство, а добар дел од храната го увезуваме. Дали светскиот пазар ќе има достапни количини на храна по цени коишто можеме ние да си ги приспособиме е нешто што е предмет нa дискусија подолго време. Државата веќе подолго време се спрема. Така да, се надевам дека можеби ќе поскапи храната, a дека доволни количини би имале вели професорот од Факултет за земјоделски науки и храна, Ордан Чукалиев од Охрид каде се одржува Симпозиумот за земјоделство и храна ISAF 2022.
Храната не ја набавуваме на големите светски пазари, ја набавуваме тука во соседството. Ние сме постојани купувачи на тие количини. Така да, верувам повторно ќе дојдеме до тие количини кои што ни се потребни за да го надокнадиме домашниот недостиг на храна. Ние стално сме увезувале храна и не е проблем, ние и онака дури не располагаме со ресурси да произведеме доволни количини на храна. Кога збориме за храна, сега говорам за оние основни продукти коишто ја претставуваат храната. Не говорам за зеленчуковото производство, не говорам за овоштарство, не говорам за лозарство. Храната ви е зрното и скробот, шеќерот и маслото. Тоа се основните фактори. Па ние 20 години немаме шеќерна репа. Нашата шеќерана не работи. Дали е тоа резултат на политиката или резултат на цените, бидејќи храната е пазар, тоа се берзански артикли. Зошто да го произведувам ако може да го набавам поевтино и поквалитетно. Тоа се прашања политички одлуки. И дали ние можеме да ги вратиме тие култури. Можеме, но никогаш нема да ги вратиме тие што ни се потребни бидејќи кога сме произведувале највеќе не сме ги имале сите количини коишто ни се потребни, вели Чукалиев.
Македонија ако мислите дека е возможно да се произведе основните што ги викаме прехранбени артикли во доволна количина не. Меѓутоа можеме да произведеме други типови на земјоделски производи коишто имаат многу повисока вредност од ова и да ги купуваме вишоците светскиот пазар, додава.
Сега во моментов ние се прашуваме дали ќе можеме да набавиме. Немаме некои сериозни разлики. Имаме проблем со наводнувањето, имаме проблем со неплодни почви, имаме проблем со многу топла клима која што не е одговара едноставно. Кај нас пченицата ја намалува активност на 30 степени. Ние сме претпоследни во Европа по принос на пченица, трети, четврти од позади по принос на пченка. Тоа се ниски приноси, но меѓутоа е проблем и ние не сме големото плато коишто може да произведува огромни количини и многу високи приноси. Од секогаш сме биле ограничени во капацитетите за производство. Нашите земјоделци се екстремно мали. Два хектари е просечната површина на фарма во Македонија. Со таа фарма може да биде само дополнителен земјоделци, мора да има основни средства за извор ова само да му надокнади. Многу сме мали и по физичка големина и по економска големина, додава Чукалиев.

Ниедна сериозна земја нема да дозволи да се јави глад. Ние имаме навистина многу сиромашна популација. Меѓутоа мислам дека ќе има мерки со коишто ќе се овозможи секој да си дозволи храна во овој евентуално кризен период. И до сега не сме имале проблеми со храна. Големи производители на храна превземаат мерки за регулирање на нивниот вишок. Сега одеднаш ја менуваат таа политика. Сфатиле дека имаат вишок. Они имаат вишок храна станува поевтино можеби и под цената реалната на чинење на производство. Тогаш што правиш. Го редуцираш производството. Пазарот осеќа недостиг, цената се зголемува. Како го компензираш тоа со еколошки мерки. Европа одамна прејде на тоа озеленување, имаше мерки за дел од површините воопшто да не се произведуваат, вели Чукалиев.
Пандемијата со Ковид, конфликтот помеѓу Украина и Русија не насочуваат кон тоа колку ни е битно да имаме сопствено производство на храна. Мораме да биде поефикасни и попродуктивни на нашите производствени парцели, вели деканот на Земјоделскиот факулетет во Сараево, Мухамед Брка.
Никогаш повеќе храна во светот не се произведувало повеќе од 2021 година, а имаме проблем со храната и цената. Тоа што нашите граѓани треба да знаат храна ќе има секогаш, само прашање е по која цена и кој ќе може да си дозволи.Тоа е еден голем проблем што мислам дека политичарите од Западен Балкан не го решиле сеуште, или не сакаат, бидејќи гледаме дека ни политичарите од ЕУ не се во состојба тоа да го решат. Тоа што многу често ме нервира е дека кажуваат проценка. Фармерот неможе да го армотизира поскапувањето кое се случува на светскиот пазар, тие мора да бидат на грб на потрошувачот. И тоа што се занемарува е дека нема да можат сите потрошувачи да си ја дозволат храната. Ние веќе се соочуваме со семејствата кои во оваа состојба немаат храна, немаат средства за прехрана. Но, се надевам дека и нашите политичари во Босна ќе почнат да размислуваат дека вложувањето во земјоделското производство не е трошок, туку инвестиција за во иднина. Сакавме на Запад, во ЕУ, но големите фирми не ја чувствуваат кризата, никогаш поголем профит немаат направено. Поскапувањата на цените се нереални. Големите играчи кои сакаат да заработат и затоа ни е битно нашите влади да ги субвенционираат и поддржат нашите фармери да може нашиот производ биде конкурентен на пазарот, вели Брка.
Неможам ни владите да ги осудувам, потенцира, зошто ние се согласивме со ЕУ, таа ги диктира правилата на игра, кој не сака да ги почитува останува на страна, па може да очекуваме уште потешка ситуација, додава Брка.
Министерството за земјоделство уште пред почетокот на оваа криза, истакна министерот Љупчо Николовски има подготвено Национален план за производство на храна, што содржи мерки и политики за стабилизирање на домашното производство, помош во намалување на трошоците и зголемување на производство на храна.
Распишавме седум јавни огласи, со кои ставивме на располагање нови, над 13 000 хектари земјоделско земјиште за обработка на житни култури, сточна храна и подигнување на долгогодишни насади. Овие огласи предизвикаа рекорден интерес кај земјоделците. Само за наменскиот оглас за закуп на земјиште за обработка на житни култури склучивме 258 договори во 14 региони низ државата. Во рамки на Националниот план за храна, креиравме и Интервентен фонд, по што сме единствени во регионот со ваков вид на поддршка, насочена кон она што во моментот беше најпотребно, за спас на домашното производство пред налетот на високите цени за вештачки ѓубрива и репроматеријали, нагласил министерот Николовски.
Додаде дека Министерството за земјоделство, во консултација со земјоделците, подсекторските групи и факултетите, донесе одлука за промена на досегашниот модел на субвенционирање, со цел да се стави фокус на стратешкото производство, како и поддршка за лозарството, градинарството и сточарството и поддршка за зголемен рурален развој.
Инаку во Охрид се одржува четвртото издание на Симпозиумот за земјоделство и храна ISAF 2022, во организација на Факултетот за земјоделски науки и храна- Скопје (ФЗНХ).
Н.С.Ј.














