На бебињата не им се потребни многу калории, но им требаат хранливи материи и здрави состојки. Сепак, некои намирници кои обично им се нудат на бебињата во основа се целосно безвредни и нездрави.
Тоа, обично, е храна богата со калории, шеќер или сол и сиромашна со хранливи материи. Овој нутритивен дефицит може дури и да му штети на развојот на новороденчето, смета Кристин Гербштат, докторка од американската Академија за исхрана и диететика.
Таа пред сѐ, препорачува да се избегнува цврста храна. Тврдата, леплива, крупна, лизгава храна не е безбедна за малите деца, бидејќи може да доведе и до задушување. Тука се земаат предвид виршли, колбаси, поголеми парчиња месо и сирење, грозје, пуканки, голем сиров зеленчук, цели ореви, лешници, бадеми…

Друг научен труд покажува дека околу 14 отсто од девет месечните деца јадат помфрит најмалку еднаш неделно. Тој број се зголемува на над 40 отсто кај 12-месечните деца. Тоа значи многу маснотии, шеќер, сол и калории и многу малку здрави хранливи материи.
Најдобро подготвената храна за бебиња е едноставна, има малку состојки, без додавање сол, шеќер или модифициран скроб. Здрав десерт погоден за деца е, на пример – печено, пасирано јаболко со малку цимет.
Користењето сок за засладување на храната, исто така, не е добра идеја. Шеќерите во сокот можат да го забрзаат варењето на храната, попречувајќи ја способноста на телото на бебето правилно да ги апсорбира хранливите материи.
OhridNews












