Во текот на минатата недела , од страна на инспектори од агенцијата биле извршени над 100 контроли врз оператори со храна во Охрид, односно објекти во кои се продава храна меѓу кои ресторани, киосци за брза храна, хотели, слаткарници.
– При контролата која беше спроведена од страна на голем број инспектори од Охрид и останатите градови, беше утврдено дека храната која им се нуди на охриѓани и гостите го има потребниот квалитет и ги исполнува критериумите од законот за безбедност на храна, велат од Агенцијата за храна и ветеринарство.
Оттаму, потенцираат дека согласно законот, операторите имаат обврска да гарантираат за безбедноста на храната која ја нудат.
Од агенцијата најавуваат засилени контроли во текот на целата туристичка сезона.