На регионалниот осми натпревар по англиски јазик , организиран од страна на училиштето ПСУ”Јахја Кемал”,што се оддржа викендов, најголем успех постигна ученикот Христијан Петровски од ОУ „Св. Климент Охридски“.
Меѓу првите десет, според најголемиот број освоени поени на натпреварот, се и учениците Владо Војдановски од ОУ „Братство и единство“, Еди Решиди од ОУ „Григор Прличев“, Мартин Костојчиноски од ОУ „Св. Климент Охридски“ и Дамјан Дејаноски од ОУ „Григор Прличев“.
Како што информираат од „Јахја Кемал“, првите 10 ученици добиваат право да се запишат во училиштето без полагање на приемен испит, како и стипендија за школување, додека учениците од 11 до 25 место , добиваат право директно да се запишат во ПСУ „Јахја Кемал“ без полагање на приемен испит.
На првите 3 ученици ќе им се доделат награди и сертификати: прво место 5000 денари, второ место 4000 денари и трето место 3000 денари.
На регионалниот натпревар освен осмоодделнци од Охрид, учествуваа и ученици од Струга, Вевчани, Дебрца, Другово, Дебар, Центар Жупа, Ресен , Кичево, Пласница и Демирхисар.
OhridNews