Со решение на министерот за култура и туризам Зоран Љутков од денеска и официјално в.д директор на НУ Библиотека „Григор Прличев“ е Христина Трпеска и досега вработена во установата како библиотекар, стручен соработник во заштита на културно наследство.

Денес се случи и примопредавањето на функцијата, а в.д директорката Трпеска ја имаше и првата средба со вработените, информираат од Библиотеката.
OhridNews












