
По повод големиот христијански празник Рождество христово Божиќ во четврток на 7-ми јануари ќе се служи Света архиерејска златоустова литургија во црквата „Свети Ѓорѓи“ во Охрид, со почеток во 8:45 часот. Света злаустова литургија по повод Божиќ ќе се служи во сите парохиски цркви во Охрид со почеток во 8:30 часот. Во манастирот „Свети Климент Охридски на Плаошник денеска нема да има богослужба.
Покрај одењето во црква традиција за Божик е да се подготви богата трпеза на која се собира целото семејство.
Божик, според црковниот календар, се празнува три дена.
OhridNews
 
					



 
							





 
					