По неколку откажувања и одложувања експедицијата на Металург пристигна покрај Охридското езеро, каде во наредните дестина дена ќе се подготвува за стартот на шампионатот. “Металурзитe“ одиграа и еден меч и тоа против Дрита кој го добија убедливо со 8-1. Шефот на стручниот штаб , Ѓорѓи Христов потенцираше дека овие денови во Охрид ќе ги искористат да ја воиграат екипата во пресрет на трката по лидерот Вардар.
– Првичниот план беше овие подготвки да ги одработиме во Охрид, но против временските услови не се може. Што е тука е , нема кукање, нема оправдување и нема изговор. Играчите го знаат тоа, но она што навистина ме прави задоволен е нивниот пристап, бидејќи во овие нефудбалски услови се работи со толку желба и со толку елан и навистина треба да се биде среќен, во моментов сум горд што имам таква група на играчи, кои без разлика на се` ги исполнуваат сите поставени задачи – вели Христов, кој со тимот на Металруг ќе одигра уште две контролни средби во Охрид .
По доаѓањето на чело на стручниот штаб битолчанецот најави мини револуција, со подмладување на тимот, таквата пракса се покажа и во преодниот рок кога Металруг го засили тимот со млади фудбалери кои се идниата на скопскиот клуб.
– Јас сум со првиот тим три, четири месеци, направивме мало освежување, но и самите знаете оти ништо неможе преку ноќ. Досега добро функционираме имаме две групи на фудбалери и тоа една составена на фудбалери над 30 години, и уште една млада под 20 години , малку специфино, но имаме искусни фудбалери кои играле надвор и тоа е од голема помош за младите фудбалери, кои може доста да научат од овие интернационалци – смета Христов.
И покрај подмладувањето на тимот, второпласираниот Металруг ќе ја продолжи потерата по Вардар. “Железарците“заостануваат пет бода зад лидерот на табелата.
– Без разлика што ние ја подмлдуваме екипата, без разлика на тоа што останавме во Македонија амбициите на Металург остануваат исти, да го стигнеме Вардар, и да не го оставаме да биде раат. Јас верувам во овие момци, и како играч и сега како тренер знам дека во фудбалот се можно, пет бода се и многу и малку, одиме од натпревар во натпревар да победуваме и гледаме во нашиот двор – заврши Христов
М.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com