Вториот најдобар стрелец во македонската репрезентација Горѓи Христов ќе продолжи да го носи дресот со националниот грб, но во футсал репрезентацијта.


Викнедов Христов ќе ја предводи  нашата најдобра репрезентација во футсал на двете пријателски контролни средби со соодветната селекција на нашиот северен сосед. Натпреварот во Куманово се игра на денеска со почеток во 19,15 ч, а утре истите селекции ќе ги одмерат силите во Велес во термин од 19 часот.

– Со овој двомеч започнуваат подготовките на нашата најдобра футсал селекција за Квалификациите за ЕП 2012 год. Посилен и посериозен тест од селекцијата на Србија не можевме да добиеме. Се работи за исклучително силна и квалитетна репрезентација, која беше 5-то пласирана на последното ЕП во Португалија, а која исто така е учесник на престојното ЕП во футсал кое ќе се одржи од 19.01. до 31.01.2010 год. во Унгарија. Се разбира дека нашиот северен сосед е апсолутен фаворит на денешниот и утрешниот натпревар, но се надевам дека ќе прикажеме добра и квалитетна игра, и што е најважно шанса ке добијат некои играчи кои досега беа во втор план.  Очекувам полни сали и подршка за нашиот млад тим.- изјави  селекторот на нашата футсал репрезентација ја Васко Скендеровски.