Минимални се шансите најдобриот кошаркар на охридските Колибри, Иво Христовски да настапи на утрешнто езерско дерби во Струга против Црн Дрим.

Христовски заработи повреда на мечот со Лирија кој колибирите го добија со 92-75, физиотерапевтот на “Колибри“ Јонче Петан ја потврди сериозноста на повредата, при тоа напоменувајќи дека ќе направат се да го оспособат за утрeшниот меч.

Колибри по четири одиграни кола со седум бода се наоѓаат на втората позиција, додека стружани се уште чекаат на својата прва победа.

М.П.