Перо Јелиниќ (75), државјанин на Република Хрватска, е убиен за време на лов на лавови во Јужна Африка, пренесува порталот “index.hr”.

Според информациите на најголемиот јужноафрички портал “News24”, Јелиниќ заедно со уште двајца други хрвати бил на лов на лавови одгледани во заточеништво. Тие веќе имале убиено еден лав, но при лов на вториот Јелениќ бил смртно застрелан.

Полицијата го истражува случајот, кој предизвика различни реакции во Хрватска. Имено, ловот на лавови во Јужна Африка е легален, но е на мета на силни критики како во таа земја, така и во светот.

OhridNews