Хрватската селекција сеуште неможе да се сосеземе од минималниот пораз 1-0, кој им го нанесе репрезентацијата на Шкотска и тоа на “Максимир“. Поразот од шкотите ќе биде пресуден ако четвртата селекција во светот не обезбеди пласман на завршницата од мундијалот во Бразил.

– Ништо не ни одеше, но треба да ги крениме главите горе. Сега мораме да ги добиеме сите натпревари до крај затоа што само победи ни одговараат – рече Раќитиќ, а капитенот Дарио Срна додаде – Тежок пораз после натпреварите со Србија и Велс. Среќата не пратеше против Велс, а сега целосно ни го сврте грбот. Но, тоа е фудбалот одиме напред да ги одиграме останатите натпревари и да ги избегнеме дополнителните квалификации за СП.

После поразот од Шкотска селекцијата на Хрватска нема право на кикс до крајот од мундијалските квалификации.

– Треба стоечки да го поднесиме поразот, бидејќи во него се познаваат шампионите. Нема да ја спуштиме главата долу иако тоа многу наши навивачи сакаат да го видат. Ќе ги прифатиме сите лоши критики кога ќе одиграме лошо како што беше пример сега. Имавме право на еден кикс, но можеби прерано го искористивме, сега веќе немаме и нашата цел е пласман на мундијалот во Бразил – рече селекторот, Штимац.

До крајот на квалификациите Хрватска гостува во Србија и Шкотска, а на домашен терен ја пречекува Белгија, која е лидер на табелата со 19 бодови три повеќе од “коцкастите“.

Мх.П.