Поради повреда Еуро 2012 ќе го пропушти новиот играч на Волфсбург, Ивица Олиќ. Поранешниот играч на Баерн Минхен се повреди на пријателскиот натпревар кој Хрватска го одигра против Норвешка.
„Повредата која не делуваше дека е сериозна, наспроти субјективните прогнози на докторите и фудбалерот се покажа како многу сериозна. Магнетната резонанца и ултразвукот покажаа делумно напукнување на бицепсот на десната надколеница. Ваква повреда се лечи од четири до шест недели“, рече лекарот на хрватскиот тим, Зоран Бахтијаревиќ, кој претпладнево со Олиќ беше во Минхен, каде фудбалерот ги направи потребните прегледи.
Селекторот Билиќ на местото на Олиќ веќе му упати повик на Никола Калиниќ. Играчот на Дњипро на репрезентацијата ќе и се приклучи до крајот на денот.