Хрватскиот спорт загуби уште еден посветен работник, откако денеска, по кратко боледување почина Златко Крачњар (65), пренесува „Index.hr“.

Крачњар починал во болница каде во тешка здравствена состојба бил примен на 19 февруари.

Популарниот „Цицо“ на спортската јавност и е познат по водењето на хрватската фудбалска репрезентација од 2004 до 2006 година. Во богатата тренерска кариера ги предводел речиси сите клубови во Хрватска, а имаше кратки авантури во Азија и Африка.

Крањчар е татко на Нико Крањчар, кој играше за Тотенхем и беше еден од најдобрите таленти во хрватскиот фудбал.

Неодамна, Хрватска остана без ракометната легенда Златко Сарачевиќ, кој почина од срцев удар.

OhridNews