Селектор Славен Билиќ по завршување на ЕП во Полска и Украина ќе ја напушти селекцијата на Хрватска. Билиќ шест години ја предводеше репрезентацијата на “коцкастите“, а од наредната сезона ќе биде тренер на екипата Локомотив од Москва.

Хрватска за пласман во Светското првенство во Бразил, е во група со Македонија, Србија, Шкотска, Велс и Белгија. Најгласни шпекулациите се дека Игор Штимац ќе ја преземе функцијата селектор. 

Мх.П.