Поранешниот член на “ватрените“ Игор Штимац е нов селектор на Хрватската фудбалска репрезентација. Штимац доаѓа на местото Славен Билиќ кој шест години ги предводеше “коцкестите“.


Хрватска во квалификациите за Мундијалот 2014 година е во група со Македонија, Србија, Белгија, Шкотска и Велс.

Покрај промената на селекторската позиција, од неодамна нов претседател на ХНС е Давор Шукер.

М.П.