На екс-ју турнирот во кошарка што се игра во Словенија како дел од подготовките за ЕП во Литванија, денес Македонија ќе игра против Црна Гора за 5 место.

По поразот од БиХ во првото коло, Македонија претрпе пораз и од Србија, и Црна Гора имаше сличен ефект во досегашните два дуела. Загуби убедливо против Хрватска а потоа и од Словенија.

Во малото финале ќе се сретнат Словенија и Бих, додека финалниот дуел меѓу Хрватска и Србија ќе го даде првиот победник на турнирот кој има интенција да стане традиционален.

М.П.