Твитер профилот на литванскиот новинар и уредник на порталот lithuaniabasketball.com открил дека двајца хрватски репрезентативци се степале на тренинг, а работата ја смирувал селекторот Вранковиќ.

“Двајца кошаркари на хрватската репрезентација тргнаа да се пресметаат меѓу себе а ги спречи селекторот Вранковиќ“ – напишал литванецот.

Македонија вечерва од 20 часот во втората рунда од еуробаскетот игра против Хрватска.

Ohridnews