25-годишниот хрватски ракометар Џанфранко Прибетиќ ново засилување на ГРК Охрид. Како што информираат од клубот Прибетиќ игра на позицијата пикер. Со Охрид потпиша 2,5 годишен договор.

Прибетиќ во Хрватска има настапувано во тимот на Нексе пет години, а во Охрид доаѓа од Штутгарт каде што играл 1,5 година.

Со хрватската репрезентација има настапувано повеќепати на Европски и Светски првенства.

OhridNews