Екипите на Цибона и Цедевита ќе се сретнат во финалето во регионалната кошаркарска АБА лига.


Во второто полуфинале пред преполните трибини во „Комбанк“ арената во Белград, Цедевита со тројка во последната секунда го совлада Партизан со 81-79 и се пласира во финалето, со што обезбеди директен пласман во Евролигата. Партизан по една деценија нема да игра во елитното европско кошаркарско натпреварување.

Претходно тимот на Цибона во првиот полуфинален натпревар ја совлада Црвена Ѕвезда која беше апсолутен фаворит пред почеток на мечот.

Сезонава во АБА лигата настапи и македонскиот кошаркарски првак МЗТ Скопје и заврши на деветтата позиција.

Мх.П.