Современа заштита на шумите од шумски пожари преку примена на систем за рана дојава, следење и брзо делување превидува проектот „Офидија“ кој беше презентиран денес од страна на Еуро медитеранскиот центар за климатски промени во Охрид.

Проектот се нарекува „Офидија“ и веќе се применува во Италија, а е развиен и заедно со грчките служби со цел да се постигне еден систем на мониторирање за шумските пожари.

Се работи за доста комплексен проект кој се работи во Италија и се работи за сензори кои се прицврстуваат на самите дрвја и чија примарна цел е нормално здравјето на дрвјата, а потоа овие сензори се во состојба да ги предвидат шумските пожари и исто така се користи еден систем кој е многу напреден, кој се базира на параметри кои веќе постајот во климата, температурата и на други микроелементи кои може да се измерат и тоа ни овозможува да се создаде систем на тревога кој може да даде аларм во наредните 72 часа. Во Пулија, Италија се инсталирани многу сензори одосно и ТВ камери и дронови кои можат веднаш да дадат аларм. Во Грција пак се користат камери со висока резолуција и дронови, вели Џовани Алоисио од Еуро медитеранскиот центар за климатски промени.

Овој систем, додава, и дозволува на нашата цивилна заштита да има во седиштето еден систем и да го мониторир со што офицерите на цивилна заштита можат во секој дел, во секој час да мониторираат и да дадат итна тревога доколку постои некаква опасност од шумски пожари.

Во местата каде што се откриени пожарите тие се веднаш спречени, така што системот функционира да можат да се спречат во најбрзо можно време, додава Алоисио.

Најбитниот дел од овој проект е што може да се предвидат пожарите, бидејќи системот дава 72 часа порано информации дали на таа локација ќе биде развиен пожар за да може да се делува. Наместо да се интервенира во моментот кога пожарот е најсилен, службите имаат 72 часа всушност пред да почне пожарот да испратат екипи на терен да бидат спреми. Веројатноста дека има 90% можност да се развие пожар на тоа место и службите да можат да интервенираат соодветно е најбитното за овој проект. Подготвуваат пожарна единца која може да гасне, подготвуваат дронови кои можат да интервенираат, потенцира.

Информира дека се реализирани и две апликации кои се достапни на андроид и апстор. Од нив едната е граѓаните да можат да пријават локација на пожарот, а втората е дека самата апликација нуди можност со  да се креира пат на цивилната заштита кој е еден пат за да се стигне поблиску до пожарот и соодветна друга патека која што би можело да биде алтернативна како би се спречил истиот.

Идејата е, додава, да се соработува со Балкнските земји и да се пренесе искуството и работата и во овие зони.

Имавме разни средби и со претставници на Косово и правиме договори за соработка кои може да помогнат и во иднина. Да ги поттикнеме овие проекти во поглед на едукацијата и на соработката со разни институции, разни претставници на министерства и соработка генерално во државата. Пред пет години започна првиот проект, повторна се добиени средства и за втор проект за три години, додава Алоисио.

Алберто Погорелц консултант со македонските власти вели дека постојат фондови кои се на располагање од Светска банка има и фондови кои се посветени на меѓурегионалната активност, потенцирајќи дека се работи на зголемување на проектот. Името на проектот е „Офидија“, „Офидија 2“ и евентулално „Офидија 3“ кој би се реализирал на Балканот.

Генерално целта е многу голема и тоа е да се развие Македонија како една вистинска платформа, како појдовна и референтна точка за сите земји од поранешна Југославија. Функционалноста на проектот овозможува да се користи во одреден дел сензори, во некој дел дронови, а во некој камери, во поглед на интересот на македонските власти …. Да се направи финансиска анализа е тешко бидејќи аплицирање на проектот во различни зони е различно, вели Погорелц.

Вкупно 3 милиони евра чинеле двата проекти во Италија и Грција, од кои  првиот 800.000 евра, а вториот над 2 милиони во Грција. Само за споредба, наведоа, во пожарот во Беровско лани изгоре шума во вредност од 37 милиони евра. Во Националниот парк Маврово, бидејќи има критични точки, проценката би била околу еден ипол милион евра. Но треба да се размисли, велат, за една работа дека минатата година само со еден пожар Македонија имаше штета од 37 милиони евра.

Н.С.Ј.

фото. Г.М.