Хул е втората екипа која со Кардиф од наредната сезона ќе се натпреваруваат во Премиер лигата.

Во последната рунда од “чемпионшип“ Хул ремизираше Кардиф 2-2, а Ватфрод не го искористи киксот на Хул откако претрпе пораз на домашен терен од Лидс 2-1.

Место во Премиер лигата, Ватфорд ќе проба да избори во плеј оф средбите заедно со Брајтон, Лестер и Кристал Палас.

Од најсилната лига од Англија со сигурност испаѓаат КПР и Ридинг, а третиот патник ќе се дознае по последните рунди од шампионатот.

Мх.П.