Една екипа од Хул или Шефилд Вендздеј ќе им се придужи на Барнли и Мидлзброу и ќе ги комплетира учесниците во следната сезона од Премиер лигата.
Хул и Шефилд на 28 мај на Вембли ќе го одиграат финалниот меч во баражот за влез во Премиер лигата вреден 170 милиони фунти.
Победникот во бараж натпреварот на Вембли покрај пласманот во Премиер лигата ќе обезбеди и 170 милиони милиони фунти од телевизиски права и други спонзорски договори.
Хул во полуфиналето од баражот го елиминираше Дерби Каунти со вкупен резултат (3-2) додека Шефилд беше подобар од Брајтон со (3-1).
OhridNews