Од страна на екипите на Ј.П. “Охридски Комуналец”, утринава, повторно беше забележано оштетување на садниците на пешачката патека од мостот до Горица.

Според изјави на пешаци и чувари на плажите, по забавата во дискотека на крајбрежјето , во раните утрински часови, биле забележани откорнати садници и расфрлани по патеката, искршена чешма, откорнати четири дрва од кои две се пронајдени и повторно засадени,а едно е скршено и не е пронајдено.

Истата појава се случува секојдневно и покрај апелите на јавноста и претпријатието за повисока свест и да не се уништуваат јавните добра.

OhridNews