Јавните добра викендов повторно беа мета на несовесни поединци.

Уништени се заштитната ограда од новиот кружен тек на пресекот на булевар „Туристичка“ со улица „Македонски просветители“ и еден сообраќаен знак на потегот на пресекот на булеварот „Туристичка“ и улица „Стив Наумов“.

Секторот за комунални дејности,сообраќај и улици при општина Охрид  упатува апел до сите граѓани да ги чуваат јавните добра. Нагласуваат дека тие се во функција да  го олеснат општественото живеење, а истовремено се  финасиски товар за општина Охрид,  кој го поднесуваат  подеднакво сите охриѓани.

OhridNews