Општествено одговорни компании и поединци се солидаризираат со маката која ја имаат дел од граѓаните во охридско, кои поради снежното невреме со денови се без електрична енергија, а некои и без вода. Хотелот „Амбасадор“ од Охрид, ги отвори вратите за овие граѓани кои тука ќе можат да се стоплат, избањаат и да се закрепнат.

-Идејата беше да им се помогне на најзагрозените семејства кои останаа без струја и вода. Може хотелот да го користат сите граѓани кои се уште немаат електрична енергија и кои што имаат потреба да се стоплат, да одржуваат хигиена или имаат други потреби како пеглање, перење, сушење алишта, стоиме на располагање 24 часа.-иајави за OhridNews Стефан Николоски од х.„Амбасадор“.

На иницијативата се приклучи и најголемиот автопревозник АД „Галеб“ кој понуди бесплатен превоз за граѓаните од погодените подрачја до хотелот „Амбасадор“.

OhridNews