Хуман гест направи охридската компанија „Гир – Риг“, која по повод Велигденските празници на петчленото семејство Митрески кое живее во тешки услови, му обезбеди храна и друга помош за период од неколку месеци.
Семејството живее во трошна куќа во Охрид во која има само еден кревет и со социјална помош што ја прима главата на фамилијата од 3700 денари, кој не е способен да работи од здравствени причини.
Акцијата за помош на семејството Митрески ја поздрави Црвениот крст, од каде искажуваат благодарност на хуманите донатори, изразувајќи надеж дека примерот на „ Гир – Риг“ ќе го следат и други компании.
OhridNews