Од женскиот центар „Бисера“, кои се организатори на годинашната 17-та по ред Тортијада, посочуваата дека секоја година, тортите од овој настан завршуваат на трпезите на здруженијата на деца, на кои им е потребна помош.
Инаку, на традиционалната манифестација која се одржа викендов, своите кулинарски способности ги докажуваа над десет професионални и аматерски слаткари од Охрид и околината.
И годинава настанот, чиј покровител беше Зорица Димитриевска, имаше натпреварувачки карактер. Прво место во конкуренција на професионалци освои тортата „Палешка“ на слаткарницата „Мис“. Второто и третото место беа резервирани за тортите со имиња „Музите“ на слаткарницата „Снежана“ и „Детска Забава“ на „Савита“. Од „аматерките“, покрај 1-во наградената торта „Етно село“, со одличје се закитија и тортите „Маска“ на Ангелина Илоска, односно „Чоколадна торта“ на Марјана Тодоровска.