Група љубтели на животни од Охрид изработи повеќе импровизирани куќички за бездомни кучиња, кои од вечерва се поставуваат на повеќе локации во центарот на градот, но и низ населбите во градот и периферијата.

Целта е да им се помогне на беспомошните животни, кои немаат засолниште во студените денови. Иницијаторите апелираат до охриѓани да не ги уништуваат куќичките, затоа што им се единствено засолниште на бездомните кучиња.

За акцијата тие ги информирале јавното комунално претпријатие и локалната самоуправа, а најавена е и средба со претставници на надлежните институции на која ќе се разговара за  можноста од институционализирање на иницијативата.

Г.М.