Новогодишни пакечиња за децата кои се згрижени во Дневниот престој за лица со посебни потреби во охридската црква Св.Ѓорѓија, поделија денеска претставничките од Форумот на жени и Младинскиот форум на Општинската организација на партијата ГРОМ, од Охрид.

Во рамки на предновогодишните активности тие го посетија и Одделението за геријатрија при Општата Болница во Охрид, каде што донираа домашно приготвена храна.

-Ние денес не направивме многу, но им подаривме барем неколку моменти на радост и убаво расположение на лицата на кои тоа им е најпотребно, изјавија од паријата ГРОМ.

OhridNews