На иницијатива на нашите сограѓанки Ивана Маховска Шикалеска, Кети Лаброски и Лајанс клубот Лихнидос со поддршка на лајанс клубовите Охрид, Десарети и Деница, хумани граѓани и општествено одговорни компании, изминатиот период беше реализирана голема акција за собирање средства за набавка на училишни ранци и прибор за учениците во основните училишта во градот чии семејства се со пониски примања.
Беа собрани средства и училишен прибор за 96 комплети (ранец + прибор), кои во текот на вчерашниот ден беа дистрибуирани во 8 основни училишта во општина Охрид.
Во акцијата покрај спомнатите, учество со донации зедоа ЛТХ Леарница, бутици Ричи, Кадмо, книжарница Просвета, Ирена Милеска од Германија, пратеникот Томислав Тунтев, советникот Дејан Пановски и многу хумани охриѓани кои несебично донираа парични средства и училишен прибор на многуте пунктови во градот.
Дел од членовите на лајанс клубовите од Охрид и раководството на Д132 Македонија
Организаторите изразуваат благодарност до сите вклучени во најголемата акција од ваков вид реализирана во Охрид, посочувајќи дека охриѓани уште еднаш покажаа и докажаа дека се исклучително хумани и имаат широко срце. Лајанс клубовите од Охрид, пак, најавуваат дека и во иднина ќе поддржуваат и иницираат општествено корисни акции со цел да им се помогне на оние граѓани на кои помошта им е најнеопходнса.
Г.М.
















